Српскиот напаѓач, кој има само 18 години во нападот на „росонерите“ ќе им биде конкуренција на ветераните Оливие Жиру и Златан Ибрахимовиќ. Тој треба да биде замената за Пјетро Пелегри, кој се враќа во редовите на Монако за да направи трансфер во Торино.
Лазетиќ ќе го чини Милан четири милиони евра, кои ќе бидат уплатени на сметката на Црвена Звезда во две рати, два милиони сега и уште два во летниот преоден рок. Во понудата има и бонуси од еден милион евра, како и клаузула со која Црвена Звезда може да заработи 10 отсто од следниот трансфер на Лазетиќ.
Српскиоте медиуми велат дека „црвено-белите“ ќе ја прифатат понудата на „росонерите“ и следнава недела Лазетиќ ќе замине во Милано на медицински прегледи пред да го комплетира трансферот.