По пет години и на 38 години, Дaни Алвеш се врати во клубот на својот живот, оној за кој најмногу се грижеше и за кој настапуваше во својата богата кариера. Најтрофејниот фудбалер во историјата би требало да остане во Барселона и следната сезона, наведува Sport, во текст во кој пишува за продолжување на соработката меѓу бразилскиот фудбалер и каталонскиот клуб.
Се тврди дека преговорите за продолжување се уште не се започнати, но дека останувањето на Алвеш е и негова желба, како и желба на тренерот Чави и клубот. Новиот договор треба да му даде на Алвеш подобри финансиски услови од актуелните. Моментално Бразилецот е пријавен на најниската плата што ја дозволува Ла Лига, а тоа е 300.000 евра по сезона.