Килиан Мбапе најверојатно ќе го пропушти реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите во кој неговиот ПСЖ ќе игра против Реал Мадрид. Мбапе заработи повреда на тренинг, каде на ногата му згазна неговиот соиграч Идриса Гана Гује. Мбапе веднаш падна на тревата и се превртуваше од болки.

Првиот натпревар кој овие две екипи го одиграа во Париз заврши со победа на ПСЖ од 1-0. Победничкиот гол во самата завршница на натпреварот го постигна Мбапе. Реваншот се игра во среда од 21 часот.