Според новите информации од Шпанија, Бернардо Силва е блиску до потпис за Каталонците.
Како што објавија дел од медиумите, Силва веќе бара куќа во Барселона, а договорот би можел да биде потпишан во наредните денови.
Во врска со Бернардо Силва, во последните неколку дена имаше информации дека ќе дојде во случај Френки де Јонг да ја напушти Барселона.
Сега прашање е како сето тоа финансиски ќе се вклопи, а некои шпекулации велат дека Де Јонг го напушта Ноу Камп, но засега нема конкретни информации за тоа. Силва е член на Манчестер Сити од 2017-та година, а има договор до јуни 2025-та.
Ситуацијата е напната. Де Јонг, кој одигра одличен меч против Пумас во неделата навечер во Жоан Гампер купот, сака да остане во клубот, но очигледно во Барселона на секој начин се обидуваат да го избркаат, односно да го продадат на некој од англиски клубови.