Францускиот напаѓач Матис Тел кариерата ја продолжува во Баерн. Тел, 17-годишниот капитен на француската кадетска репрезентација утрово пристигна во Германија за да потпише петгодишен договор со Баерн.
Во Франција го нарекуваат „новиот Мбапе“, а Баерн преку евентуални бонуси ќе му плати 20 милиони евра на Рен плус осум и пол милиони. Во младинските категории на Франција постигна 10 гола на 15 настапи, а за Рен минатата сезона собра 79 минути.
„Еден ден ќе биде меѓу најдобрите напаѓачи во светот и го гледам како постигнува 40 гола во една сезона во своите најдобри години“, убеден е тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, кој летово го загуби првиот напаѓач Роберт Левандовски кој замина во Барселона.