ПСЖ во секој преоден рок е активен, a ова лето најново засилување треба да им биде Норди Мукиеле од Лајпциг.
Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека парижаните се договориле со Лајпциг за трансфер на дефанзивецот, кој ќе ги чини околу 20 милиони евра, а трансферот ќе биде потврден наскоро.
Челси се обидуваше да го купи дефанзивецот, но ПСЖ бил упорен во преговорите и ја добил битката за Мукиеле, кој има над 100 настапи во Бундеслигата и притоа постигна осум гола и 10 асистенции.