Пари Сен Жермен е блиску до ангажман на Ренато Санчез од Лил. Португалскиот играч за врска во еден момент делуваше како ново засилување на Милан, но по вклучувањето на парижани во битката за неговиот потпис, ситуацијата драстично се промени.

Милан даде понуда вредна 15 милиони евра, плус 3 милиони бонуси, но Лил сакаше 20 милиони – сума која не му пречи на ПСЖ.

Францускиот шампион му нуди и многу подобра плата на Санчез. Понудата е за 6 милиони евра по сезона, додека понудата на „росонерите“ беше 4,5 милиони годишно.

Португалецот веќе има договор со ПСЖ за неговите лични услови и се очекува наскоро да биде комплетиран трансферот.