Францускиот стопер Клемен Ленгле ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во Премиер лигата, поточно ќе го облече дресот на Тотенхем. „Спарс“ треба да платат 35 милиони евра за 27-годишниот фудбалер, сума која ја бара Барселона, меѓутоа не сакаат да го направат тоа, па ќе седнат со луѓето од „Ноу Камп“ за да се договорат за позајмица со опција за откуп или нешто слично.

Се работи за играч кој не е во плановите на Чави во првиот тим, минатата сезона одигра скромни 814 минути во Ла Лига. Ленгле веќе му кажал „ДА“ на Тотенхем, но сетоа тоа може да „падне во вода“ доколку Барса не го пушти на позајмица или во меѓувреме ја добие бараната понуда од друг клуб и да го испрати таму.
Инаку каталонскиот клуб плати 36 милиони евра за него во 2018 година, инвестиција која се покажа како погрешна.