Барселона се откажа да го продаде Де Јонг, ако младиот фудбалер не донесе поинаква одлука, но фудбалерот за врска и дефинитивно ги одбил „ѓаволите“ поради спортски и лични причини, објавија медиумите во Каталонија.
Поради ова, неговиот порашен тренер Ерик Тен Хаг сега се свртел кон три други имиња за засилувања на средниот ред, а прв на листата е Лисандро Мартинез од Ајакс, за кого понудија 50 милиони евра, но „копјаниците“ им ја одбија таа понуда. Тука се и Леандро Паредес, аргентинскиот репрезентативец од ПСЖ, како и Фикајо Томори од Милан.
Јунајтед замина за Тајланд во предсезоната без Кристијано Роналдо кој сака да замине во клуб каде ќе игра Лига на шампиони, откако „ѓаволите“ после катастрофалната сезона уште на половина од изминатото првенство ги загубија шансите за елитата.