Австралискиот бек Данте Ексум е нов кошаркар на Партизан, тоа денеска го официјализираше клубот.
Тоа што беше најавено, набрзо беше потврдено. Австралискиот репрезентативец, до неодамна играч на Барселона и петти пик на НБА драфтот во 2014 година, е второто засилување на црно-белите ова лето , по Данило Анѓушиќ од Монако .
Играчот роден на 13 јули 1995 година доаѓа во Партизан по 25 натпревари во Евролигата во дресот на Барселона. За неполни 17 минути по меч во најквалитетното европско клупско натпреварување, новиот црно-бел играч имаше просек од 6,3 поени, 2,5 скока и 1,6 асистенции. На 21 натпревар во шпанското првенство, Ексум имаше просек од 9 поени, 3,6 скока и 1,4 асистенции.
Пред да дојде во Барселона, Данте играше за Јута Џез и Кливленд Кавалирс во НБА. За неполни 7 сезони одигра 245 натпревари во најсилната лига на светот со просек од 5,7 поени, 1,8 скока и 2,4 асистенции по натпревар.
Минатото лето новиот играч на Партизан беше австралиски репрезентативец и го освои бронзениот медал на Олимписките игри.