Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ избра дванаесет кошаркари кои ќе се најдат во протоколот за квалификацискиот натпревар за Светското првенство, што Србија денес ќе го игра во „Штарк Арена“ против Грција.
Натпреварот е закажан за 20:00 часот, а директниот пренос ве очекува на Спорт Клуб 1.
Дејан Давидовац, Вања Маринковиќ, Никола Калиниќ, Владимир Лучиќ (капитен), Огњен Добриќ, Душан Ристиќ, Никола Јокиќ, Марко Јагодиќ-Курижа, Василије Мициќ, Марко Гудуриќ, Огњен Јарамаз и Никола Милутинов се изборот на Пешиќ.
Во составот ги нема Немања Бјелица, Немања Недовиќ, Бориша Симаниќ и Филип Петрушев.
Србија во моментов е во многу неповолна позиција за пласман на Муднобаскетот, кој во 2023 година ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија. Србија извојува само една победа од првата фаза, а по дуелот со Грција, избраниците на Пешиќ ги чека уште еден натпревар „да се биде или не“ – гостување во Турција во Истанбул на 28 август.