Кошаркарите на Вашингтон Стејт стигнаа до уште една победа во НЦАА лигата, беа подобри од екипата на Калифорнија Голден Беарс со резултат (66.59).
Нашиот млад репрезентативец, Aндреј Јакимовски за 32. минути во игра, запиша само два поени, но затоа пак имаше десет скока, најмногу во екипата-победник. Освен тоа Јакимовски оствари и една асистенција и освоена топка во новиот успех на популарните „Кугарс“ кои на тој начин го отворија финалниот турнир на PAC-12 конференцијата во Лас Вегас.
Утре вечер Вашингтон Стејт ќе го игра вториот меч на конференцискиот завршен турнир, односно четвртфиналето, каде за противник го имаат Универзитетот УКЛА, второрангиран во овој сегмент на НЦАА лигата.