Американецот вчера потпиша десет дневен договор со Орландо меџик, а уште ноќеска го одигра првиот натпревар и тоа во поразот на домашен терен од Мајами хит (105-115).
Гравет мина скоро 24 минути на паркетот и постигна шест поени (две тројки со две промашувања), а имаше и два скока со три асистенции. Тој летово беше дел од составот на „магичните“ во Летната лига и во претсезоната, но не доби место во тимот за регуларниот дел од сезоната, нешто што сега се смени, откако Орландо се најде во проблеми поради големиот број повредени и болни кошаркари.