Во средата се одигра полуфинале од Арапскиот Куп во организација на ФИФА помеѓу Катар и Алжир.
Репрезентативецот на Алжир, Јусеф Белаили го реши натпреварот во судиското продолжение погодувајќи во 107. минута за 1-2.
Она што звучи неверојатно е дека овој погодок на Белаили му донесе отказ. Само неколку часа по победата над Катар, крилниот фудбалер заработи отказ од неговиот клуб Катар СЦ. Иако не е објавено дали прекинот на договорот со Белаили е поради погодокот против репрезентацијата на Катар, одлуката веднаш предизвика бурни реакции.