Ајнтрахт Франкфурт вчеравечер го победи Глазгов ренџерс по подобро изведување на пеналите и дојде до трофејот од Лигата на Европа.
Кевин Трап беше еден од најзаслужните за титулата на Бундеслигашот откако му го одбрани пеналот на Арон Ремзи. Чуварот на мрежата своевремено беше дел и од ПСЖ, којшто изминатава декада и покрај неверојатните инвестиции, не може да дојде до титулата од Лигата на шампионите.
Интересно е тоа што Трап е уште еден од играчите и тренерите коишто заминаа од Париз, а освоија европско натпреварување. Тијаго Силва, Томас Тухел, Кевин Гамеиро, Унаи Емери, Давид Луиз, Златан Ибрахимовиќ се само дел од тие коишто се радуваа на европски трофеј по заминувањето од ПСЖ.