Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков избори пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Унгарскиот претставник претрпе пораз од Алборг од 37-35 на реваншот во Данска, но тој негативен резултат беше доволен за место во Келн со оглед на тоа што на првиот меч славеа со 36-29.
Мае и Шмид со по шест гола беа најдобри кај Веспрем, додека кај данскиот прволигаш Јул Ласен и Бјорнсен реализираа по девет погодоци.
Манасков немаше обид за погодок на оваа средба, но заработи едно исклучување од две минути.
Пласман на Ф4 во Келн освен Веспрем обезбеди и Кјелце кој беше подобар од Монпелје.