Поранешниот ракометен европски и актуелен македонски шампион Вардар вечерва ќе се соочи против стариот познаник, екипата на Веспрем во рамки на првиот осминафинален меч во ракометната Лига на шампиони (ЛШ).
„Црвено-црните“ загубија од големиот ривал Еурофарм Песлитер со 23-24 во СЦ „Јане Сандански“, но сега сакаат да го поправат впечатокот и да им се вратат на победите, а тренерот Давид Дејвис го избра составот со кој ќе заигра.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра вечерва од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.