Еурофарм Пелистер утре му гостува на Татабања во Унгарија, натпревар од Европската лига, тимот од Битола е во Унгарија и го одржа првиот од двата предвидени тренинга.
За битолчани ова е последно гостување во групната фаза а во тимот ќе отсуствуваат Табоада, Обрадовиќ и Велковски, но ЕурофармПелистер ќе биде посилен во тимот за Ојлески, Божиќ Павлетиќ и Мараш. Еурофарм Пелистер на првиот дуел ги совлада Унгарците со 33-20, а утрешната средба започнува од 18-45 часот.