Аталанта запиша убедлива победа против Сампдорија во Бергамо со 4-0, и сега со 47 бода на табелата и натаму е конкурентна во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Победата на тимот од Бергамо ја донесоа Пашалиќ и Компеинерс кој погоди двапати, по еднаш во првиот и вториот дел од натпреварот, а гол запиша и Миранчук.