Сите руски фудбалски репрезентации кои учествуваат во натпреварувањата на ФИФА се суспендирани и не можат да играат до дополнително известување.
Одлуката беше единствената можна откако голем број федерации изјавија дека нема да играат против Русија, вклучувајќи ги и оние со кои Русија требаше да се сретне следниот месец во баражот за Светското првенство.
ФИФА вчера утврди како Русија може да игра, но на неутрален терен, без нејзиното знаме, химна, обележја, навивачи и име.
Полјаците веднаш се јавија и рекоа дека во никој случај нема да играат против Русија, другите федерации се согласија и ФИФА немаше избор.
Оваа суспензија се однесува на сите руски репрезентации, кои на тој начин остануваат целосно изолирани во фудбалот од остатокот од светот.