Галатасарај по 23-ти пат е шампион на Турција, а првпат после 2019 година. Галатасарај има пет бода предност пред лутиот ривал Фенербахче на едно коло до крајот, а во последната рунда, го пречекува токму Фенербахче во мега дербито.
Вечерва Галатасарај со 4-1 славеше на гости кај Анкарагучу. Мауро Икарди ги даде првите два гола во првото полувреме и ја најави победата.
Ова е голот на Бариш Алпер Јилмаз за 3-1, после кој дефинитивно стана јасно дека популарниот Чим Бом ќе ја освои титулата во Турција за сезоната 2022/2023:
https://twitter.com/gsgoller1/status/1663616946129063941?s=20