Екипата на Барселона во летниот преоден рок ќе се обиде да го ангажира извонредното крило на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, објави каталонското издание „Спорт“. Каталонскиот клуб е подготвен да ја плати откупната клаузула на 21-годишниот напаѓач од 50 милиони евра.
Фудбалерот изјави дека би сакал да остане во баскискиот тим, но Барселона бара опција да го доведе играчот на „Камп Ноу“. Пред извесно време крилниот напаѓач го поврзуваа со англиските премиерлигаши Арсенал и Челси, но понуда никогаш не стигна на адресата на Атлетик Билбао.
Нико Вилијамс оваа сезона забележа 30 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и 14 асистенции.
Договорот на играчот со шпанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2027 година.