Македонскиот репрезентативен фудбалер Дарко Чурлинов ја забележа првата асистенција во новата сезона во која игра како позајмен играч во полска Јагјелонија.
Јагјелонија дома загуби во дербито со Краковија (2-4), а Чурлинов асистираше за вториот гол на домашните. Се играше 26. минута, а голот дојде по една страшна акција со додавања од прва која почна со Чурлинов, а негов беше и завршниот пас.
Крилниот играч е во сопственост на Барнли, но оваа сезона се очекува да ја мине во Полска. Полските медиуми го оценија овој погодок на Јагјелонија како гол на досегашниот дел од сезоната.