Екипата на Рајо Валјекано одигра реми без голови на домашен терен против Селта. На голот на тимот од мадридското предградие беше македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски кој уште еднаш оваа сезона успеа да ја сочува чиста мрежата.
Тоа е дури осмо реми за Рајо Валјекано по 16 одиграни кола, па тимот се наоѓа на десеттата позиција. Рајо нема победа на последните шест натпревари во Ла Лига.
Селта е во опасната зона со само 10 освоени бода.