Екипата на Јувентус нема победа на последните четири натпревари во Серија А, не успеа да слави и вечерва на гости кај Верона. „Старата дама“ одигра само 2-2 и се чини дека полека заостанува во трката за шампионската титула.

Фолоруншо со прекрасен гол го изненади Јувентус во 11.минута, а израмни Душан Влаховиќ од пенал во 28.минута,

На почетокот на вториот дел повторно Верона дојде до предност со голот на Тиџани Нослин во 52.минута, а Рабио возврати само три минути подоцна. Сепак, Јуве не успеа да направи целосен пресврт и мораше да се задоволи само со бод.