Фудбалерите на Лајпциг постигнаа победа со 2-0 против Борусија Менхенгладбах во 22. коло од германската Бундеслига.

Чави Симонс го постигна првиот гол за „биковите“ во 14. минута од натпреварот, додека победата ја потврди Опенда во 57. минута.

Тренерот на Лајпциг одлучи да не му даде шанса на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој остана на клупата за резерви.

Лајпциг има 40 бодови на петтата позиција во лигата, а пред него е Борусија Дортмунд со еден бод повеќе.