Џек Грилиш минатото лето пристигна во Манчестер Сити од Астон Вила за дури 117 милиони евра, а од следната сезона би можел да игра во Серија А, како позајмен играч.
Според „Калчомеркато“, Гвардиола е лут на Грилиш и е подготвен да го испрати во Јувентус на позајмица поради лошите игри, но и непрофесионалното однесување. Неодамна се појавија неколку фотографии како Џек Грилиш е во алкохолизирана состојба кога излегува во ноќен живот.
Грилиш оваа сезона одигра 35 натпревари за Сити, постигнувајќи само пет гола, со три асистенции. Навистина скромни резултати за скапо платено засилување.