Тој подолго време се споменува како наследник на легендарниот Јусеин Болт, што и го потврди на патеката со оглед што истовремено стана нов јуниорски рекордер на оваа патека со време од 19,49 секунди. Најтон патеката ја истрча за ското половина секунда побрзо од досегашното најдобро време за атлетичари до 20 години, кое беше во сопственост токму на Болт (19,93), а кое атлетичарот од Јамајка го оствари во годината во која неговиот наследник беше роден (2004 година).
Ова е вторпат американскиот тинејџер да истрча побрзо од Болт, со оглед што лани истата патека ја мина за 19,88 секунди, но тоа официјално не беше признато за светски рекорд поради поголемата од дозволена брзина на ветерот.