Шпанските медиуми вчерашниот ден го минаа во истражување детали околу тоа кој и кога им ја честитал титулата на мадриѓани и дошле до заклучок дека тоа го сториле сите со исклучок на само – два клуба. Меѓу нив не е Барселона, која меѓу првите испратила честитка до најголемиот противник, но е градскиот ривал и ланскиот шампион, Атлетико Мадрид.
Управата на „јорганџиите“ не сметала дека е потребно да му се честитка на Реал Мадрид, што, секако, не значи дека нема да го стори тоа во иднина. Дека ова можеби е тренд кај Атлетико Мадрид, говори и фактот што овој тим не му честитал ниту на Бетис за освоениот Куп на кралот.
Втората екипа која не им честитала на „кралевите“ е Осасуна