Возбудлива пресметка имаше во Берлин, каде кошаркарите на Алба и Партизан одиграа неверојатен натпревар, кој на крајот го добија гостите од Белград. Херој на црно-белите беше Карлик Џонс, кој беше прецизен во последните секунди и ги постигна клучните четири поени (90-91).

Партизан и Алба режираа инфаркт завршница во преполната сала во Берлин, а на крајот повеќе нерви и среќа имаше тимот на Обрадовиќ кој го оствари петтиот триумф по ред.

Кошаркарите на Партизан беа во неизвесност до последната секунда од дуелот, па на крајот истиот се решавше со слободни фрлања.

Тоа беше натпревар со многу пресврти на двете страни, се чинеше дека Партизан е блиску до победата со +11 во последната четвртина, но во продолжение Алба се врати и  дојде во позитива од четири поени на 65 секунди пред крајот.

Партизан беше на прагот да загуби веќе добиен натпревар, но Маринковиќ погоди тројка, а потоа херојот на Партизан Карлик Џонс ја презеде одговорноста и со четири поени во низа ја донесе победата.

Клучен беше кошот за плус два (91:89) на 1,7 секунда пред крајот, па иако тренерот на Алба нацрта добра акција по која домаќините добија две слободни фрлања, Мекормак погоди само едно.

Карлик Џонс беше најдобар со 24 поени, 4 помалку уфрли Тајрик Џонс кај Партизан, додека на спротивната страна најефикасен беше трагичарот Мекормак со 16 поени.