Македонската кошаркарска репрезентација убедливо загуби на стартот од квалификациите за Светско првентство од светскиот шамион Шпанија со резултат 65:94.
Шпанската фурија предоста ја зголемуваше од четврина во четвртина но одлучувачка беше третата која ја доби со 12 разлика и примивме неверојатни 29 поени.
Светла точка кај македонската репрезентација беше 17-годишниот Теодор Симиќ кој постигна 18 поени за 16 минути и може да се каже дека добивме лидер за годините што следат. Свој повремен блесок имаа Џејкоб Вајли, Адем Мекиќ и Дамјан Робев кои уфрлија по девет поени.
Јанкуба Сима, пак, беше најефикасен кај Шпанците со 17 поени.
Наредниот натпревар Македонија го игра со Украина.