Доколку го победиме актуелниот Европски првак, Италија, за место на мундијалот ќе се соочиме со подобриот од дуелот Португалија – Турција.
Благоја Милевски, селектор на репрезентацијата на Македонија после ждребката со свој став.
„Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние“. – изјави македонскиот селектор.
„Имаме голема почит за противникот и за нивниот селектор. Многупати сум напоменал дека го ценам како селектор и како тренер. Сметам дека е најзаслужен за европската титула на Италија. Под негово водство, сведоци сме на една нова, модерна фудбалска Италија која ги надминува стереотипите базирани само на дефанзива. Играат сосема поинаков фудбал, тоа ги отежнува работите за сите нивни противници, сега и за нас се разбира, но мора да се прилагодуваме на предизвиците. – дополни Милевски