Премиерлигашите се спремни бидејќи Ансу Фати напаѓачот на каталонците побарал трансфер Барселона. Англиските премиерлигаши се на готовс, откако од Шпанија стигнаа информации дека големиот талент на Барселона, Ансу Фати побарал трансфер од каталонската гордост.
Фати беше еден од фудбалерите кои Барселона сака да ги продаде, но за добра сума на пари, а младиот фудбалер сега се премислил после првичното инсистирање дека сака да остане во својот матичен клуб. Но, се сѐ сменило откако против Гетафе доби шанса во последните десет минути од натпреварот, кога му станало јасно дека не е во прв план кај Чави Ернандез.
Според најавите од Островот, Арсенал, Тотенхем и Манчестер јунајтед се трите клуба кои се заинтересирани и кои сега чекаат официјални информации дека Фати бара трансфер, за да тргнат во конкретна операција за негов ангажман.
Фати во 2018 година стана најмладиот фудбалер во историјата на Барселона кој дал гол и Каталонците со нов договор го врзаа со откупна клаузула од една милијарда евра, но поради финансиската криза и другите планови на Чави, заминувањето е веќе очигледно, но и низата повреди го запреа развојот на офанзивецот во последните три години.
Најмалку 50-на милиони евра Барселона ќе бара за својот фудбалер за трансфер до крајот на овој преоден рок.