Се започнало кога на навивачот му се слошило на трибините. Веднаш бил пренесен во болница, но по неколку часа починал како последица на срцев удар.
Ова е само еден во низата случаи кога вакви сцени се случуваат на натпреварите во Англија. Неколку пати од почетокот на сезоната се случуваше на навивачите да им се слоши на трибините, но, за среќа, повеќето од тие случаи завршија со позитивен епилог.
Натпреварот заврши со резултат 1-1, единствениот гол за Фулам го постигна српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, веќе во шестата минута, а израмни Боулер во 57. минута од дуелот.