Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ од пенал ја затресе мрежата на противникот во 24. минута, а неговиот колега Мунир Ел Хадади во завршницата од првото полувреме погоди за 2-0. Бетис намали на 1-2 дури во 94. минута преку Каналес, но гостите немаа време за втор погодок.
Севилја има 54 бодови на втората позиција, односно шест помалку од лидерот Реал Мадрид.