Бетис го запиша вториот пораз во седмото коло во Ла Лига, откако загуби на гостувањето кај Селта со 0-1, па така пропушти можност да скокне барем до третата позиција во првенството.

Единствениот гол на мечот го постигна Габриел Веига во деветтата минута, по што Бетис тргна во офанзива, но Луиз Фелипе заработи црвен картон и тоа создаде тешки проблеми за гостите, кои до крајот не успеаа да стигнат ниту до реми.

Бетис останува четврт на табелата со 15 бодови, додека Селта има пет бода помалку и се наоѓа на 10. позиција.