Екипата на Њукасл е елиминирана во Лига Купот од лондонските сини. По елиминацијата на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, тимот од Тансајд капитулираше против Челзи. Во несреќен финиш, „страчките“ примија гол, дуелот заврши 1-1, а патникот во полуфиналето го дадоа пеналите (2-4).

Првиот гол во премиерлигашката пресметка за место меѓу четирите најдобри беше постигнат во 16. минута кога Вилсон лесно го помина Бадијашил  и ја казни неверојатната грешка на дефанзивецот на Челзи. По многу шанси за Челзи во вториот дел, ситуацијата ја спаси Мудрик во 92. минута и израмни на 1-1.Победникот го одлучија пеналите, а тоа беше тимот на Челзи, благодарение на промашените удари од белата точка на Трипие и Ричи.

Некогашниот премиерлигаш Мидлсбро немаше мака и со гостинска победа кај Порт Велј (0-3) се пласира меѓу четирите најдобри во англискиот Лига Куп. Хоусон и Роџерс погодија за тимот од Риверсајд во првото полувреме, а печат на победата стави Крукс со гол во второто полувреме. Ова е голем резултат за Мидлсбро, кој во моментов е во средината на табелата во Чемпионшип.

Трет полуфиналист во Лига Купот е лондонски Фулам. Натпреварот меѓу Евертон и Фулам заврши во регуларниот дел нерешено (1-1), а Фулам е патникот во следната рунда, победувајќи на пенали. Гостинот од Лондон имаше предност во поголемиот дел од дуелот благодарение на автоголот на Кин во 41. минута, но „карамелите“ кои играат во одлична форма ги спаси Бето во 82. минута. Пенал-рулетот траеше долго, а го добија лондончани со 7-6.

Последниот полуфиналист во Лига Купот ќе биде познат после натпреварот меѓу Ливерпул и Вест Хем (среда, 21:00).