Борусија Дортмунд никако да излезе од кризата во германското првенство. „Милионерите“ на домашен терен како големи фаворити не успеаја да го совладаат ниту Мајнц 05 (1-1), екипа која се бори за опстанок во елитата.
Милионерите од Дортмунд поведоа на „Сигнал Идуна Парк“ и никој не очекуваше дека ќе се мачи за освојување на посакуваните три бода. Брандт во 29. минута го израдува Дортмунд, а Мајнц израмни пред финишот на првото полувреме кога Ван Ден Берг погоди за 1-1.
Во второто полувреме и двете екипи имаа шанси за голови, но не успеаја да реализираат. Се играше 91. минута кога Дортмунд даде гол за 2-1 преку Реина, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.
Хофенхајм и Дармштат одиграа ефикасен натпревар кој заврши 3-3 (2-1). Бебу беше двоен стрелец за домашните, еднаш погоди и Крамариќ, додека за Дармштат, Скарке даде два гола, а еднаш стрелец беше Фејфер.