Вердер Бремен на домашен терен успеа да извлече реми со РБ Лајпциг (1-1), тим кој е во горниот дел на табелата и учесник во втората рунда на ЛШ, но изгледа дека сега нема шанси да се бори за титулата во германската Бундеслига.
Во првото полувреме во Бремен, имаше еден поништен гол со ВАР поради офсајд, а стартот на вториот дел им припадна на гостите од Лајпциг. Белгиецот Луис Опенда во 47. минута дојде до единаесеттиот сезонски гол и донесе предност за „биковите“.
За очекување беше дека Лајпциг ќе ја задржи предноста и ќе оствари победа, дека овој резултат ќе остане, меѓутоа за демант се погрижи Џастин Нџинма, кој во 75. минута даде евро-гол од далечина расипувајќи ги плановите на тренерот Марко Розе.
За РБ Лајпциг сега следи божиќна пауза, а по одморот, на 13 јануари, ќе игра со Ајнтрахт.