Евертон и Фулам на пенали одлучуваа кој ќе оди понатаму во Лига купот на Англија, а кога дојде редот да шутне Амаду Онана, најзабавно им беше на оние гледачи кои средбата ја следеа на интернет со коментатор на арапски јазик.

Онана пеналот го изведе катастрофално, а коментаторот и пред и по пеналот не престана да пее „Ооо-на-на-на…

Регуларниот дел од овој меч на „Гудисон парк“ заврши 1:1 и се пристапи кон изведување на удари од 11 метри, а слободно може да се каже дека вистински трагичар беше Онана.
Амаду Онана имаше можност да донесе победа за Евертон од 5:3 во последната серија, но Бернд Лено го прочита и лесно му го одбрани ударот кој беше навистина доста мек.

Оваа ситуација во продолжение се покажа клучна поради победата на Фулам, а во меѓувреме, вистински хит на социјалните мрежи е реакцијата која ја имаше арапскиот коментатор на „БеИН Спортс“.

Коментаторот запеа во ритамот на името на изведувачот на пеналот, но откако не го реализираше истиот, следеше урнебесна реакција со која ги изнасмеа фудбалските фанови.