Лион за помалку од еден час ја реши домашната задача, откако Муса Дембеле во осмата и Токо Екамби во 52-та минута погодија двапати во мрежата на Ница за да ја осигураат победата и да дојдат на само бод од четвртата позиција, а на пет од вечерашниот противник кој е на третото место во француската Лига 1.
За Ница ова е втор пораз во низа, но со 42-та бода на контото ќе го помине и ова коло како третопласиран, додека Лион дојде до шестото место со 37 бода, колку што има и Рен пред нив, а Стразбур на четвртото е на бод повеќе.