Ливерпул на „Енфилд“ го совлада Брентфорд со 3:0 во 22. коло од Премиер лигата и со тоа го презеде второто место на табелата од Челзи. Сега лондонскиот тим е на два бода со натпревар помалку, а Ливерпул има натпревар помалку од Манчестер Сити кој има 11 бода повеќе.
Избраниците на Јирген Клоп доминираа во текот на целиот натпревар иако останаа без напаѓачите Мохамед Салах и Сади Мане кои се во Купот на Африканските нации. Првиот удар на Брентфорд во голот беше само во судиското продолжение, додека Ливерпул имаше речиси 70% посед на топката и 27 удари, од кои 13 влегоа во рамката.
Домашните поведоа во 44. минута по центаршут од корнер на Трент Александер-Арнолд, кој на втората статива го пронајде Фабињо, а Бразилецот со глава заби во голот. Окслејд-Чембрлен го зголеми водството на 2:0, исто така со глава по центаршутот на Робертсон. Конечните 3-0 ги постави Такуми Минамино откако Фирмино искористи голема грешка на гостинската одбрана.