Лео Меси – волшебникот од Росарио: Освои сѐ и заслужи да биде најголем во историјата!Иако дебатата ќе продолжи за тоа кој е најдобар на сите времиња, дали Пеле, Марадона или Лионел Меси и речиси и да нема шанса да се докаже такво нешто, за најголем дел од светската јавност, посебно луѓето во фудбалот со денешната светска круна на Аргентина, Меси е – најдобар на сите времиња!

Светската титула му беше последниот трофеј кој му фалеше во неверојатната кариера, зашто има освоено буквално сѐ. Од младински светски првак, олимписки првак, континентален првак, сега и светска круна, како надополнување на седумте „златни топки“, шесте „златни копачки“ и сите останати трофеи по неколкупати – ЛШ, светско клупско првенство, суперкупови, трофеи во Ла Лига, Лига 1…. И уште двапати најдобар фудбалер на Светски првенства (2014, 2022)

Меси со оваа светска круна заминува во репрезентативна пензија на најубав можен начин како крал, како бог на фудбалот, рамо до рамо со најголемите фудбалски имиња. За сѐ што направи во светскиот фудбал, за сите радости, сите тие голови, асистенции, со повеќе од вкупните 1002 меча во кариерата, ретко кој би можел да го оспори тоа дека е – најголем!

СИТЕ ТИТУЛИ НА ЛЕО МЕСИ

Светски првак: 2022

Копа Америка: 2021

Олимписки првак: 2008

Светски првак (У20): 2005

Златна топка: 7 пати

Златна копачка: 6 пати

Најдобар играч на СП: 2014, 2022

Најдобар спортист на светот: 2019

Најдобар стрелец во ЛШ – oсум пати

Најдобар стрелец во Ла Лига – 9 пати

МВП на Копа Америка: 2021

ЛШ – 10 пати

Ла Лига – 10 пати

Куп на Кралот – 7 пати

Првак на Франција: 1 пат

Светско клупско првенство: 3 пати

Европски Суперкуп: 3 пати