Реал Мадрид сериозно е заинтересиран за еден од најдобрите фудбалери на Наполи сезонава, грузискиот репрезентативец Квича Кварацхелија.
Грузискиот фудбалер блесна оваа сезона во дресот на Наполи и заедно со Виктор Осимен и Елиф Елмас ја предводи екипата кон титулата во Калчо лигата.
Кварацхелија за италијанскиот тим оваа сезона одигра 24 натпревари и постигна 12 голови, па така привлече голем интерес од многу европски гиганти, но и од шпанскиот првак кој ќе мора да плати над 100 милиони евра за неговиот потпис.