Светскиот рекет број 1, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започнува својата 377. недела на врвот на АТП листата, со што го израмни рекордот на легендарната германска тенисерка Штефи Граф!
Следниот понеделник, тој веќе сигурно, ќе го собори рекордот.
Ѓоковиќ за првпат беше на врвот на АТП листата на 4 јули 2011 година, а сега, неполни дванаесет години подоцна, се уште е број еден во светскиот тенис.
По освоената титула на АТП турнирот во Ротердам, Данил Медведев се врати во Топ 10 и сега е осми, едно место зад Феликс Ожер-Алиасим и Холгер Руне.