Австралиската министерка Карен Ендрјус изјави дека Новак Ѓоковиќ не е затвореник во таа земја.
Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во хотел за мигранти во Мелбурн, откако му била укината визата.
Неговата ситуација ќе биде многу појасна во понеделник.
Карен Ендрјус утринава за австралиската ТВ мрежа ABC ги отфрли обвинувањата на семејството Ѓоковиќ дека австралиската влада „го држи Новак во заробеништво“.
„Ѓоковиќ не е затвореник во Австралија. Тој може да ја напушти земјата во секое време кога ќе посака, а граничните службеници ќе му помогнат во тоа“, рече Ендрјус.
Таа додаде дека граничните службеници ги проверуваат случаите на други тенисери кои биле пуштени во земјата врз основа на слични ослободувања од обврската за вакцинација како Ѓоковиќ.