По скоро 24-часовниот молк, период во кој беше критикуван за своето молчењек, шпанскиот ривал Рафаел Надал утринава конечно испрати официјална честитка до својот голем противник Новак Ѓоковиќ на триумфот на „Австралија опен“ со што се изедначи со него на врвот на вечната листа најдобри на најголемите турнири.
Двајцата сега имаат по 22 пехари на гренслем турнирите, два повеќе од Роже Федерер, што значи дека битката за тоа кој ќе биде најтрофеен на сите времиња ќе трае и до крајот на оваа година.
„Неверојатно остварување Ноле. Честитки за тебе и за твојот тим. Заслужи и сега уживај“, напиша Надал.
Ѓоковиќ до десеттата титула во Мелбурн дојде со доминантна игра во големото финале против Стефанос Циципас и победа во три сета.