Ждрепкаката за полуфиналето во шпанскиот Куп беше немилосрдна, донесе ново „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона, па така за 35 дена овие екипи ќе се сретнат дури трипати.
Првиот дуел меѓу овие екипи е на 28 февруари на „Сантијаго Бернабеу“ во Купот, а реваншот се игра на „Камп Ноу“ на 4 април.
Во меѓувреме ќе се одигра уште еден меч меѓу ривалите на 19 март, па така дури трипати ќе се судрат овие гиганти.
Во второто полуфинале во Купот ќе играат Осасуна и Атлетик Билбао.
https://twitter.com/rfef/status/1620036074528722945?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1620036074528722945%7Ctwgr%5Eb6591e1e8f9fa1e0cc67d409498abec86aafd7a9%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fel-klasiko-vo-polufinaleto-na-shpanskiot-kup-foto