Поранешниот играч на Арсенал упати остри зборови против играчот на Црвена звезда. Габонецот возврати на многу покултурен начин преку објава на Инстаграм.
Според чешките медиуми, спортскиот директор на Спарта, Томаш Росицки изјавил дека не го интересира дали Канга е црн или бел, бидејќи неговата главна карактеристика е тоа што е морон. Портпаролот на клубот се обиде да го „испере“ Росицки тврдејќи дека тие зборови биле изговорени неформално во дискусија со навивачите.
Оваа информација дури сега стигна до фудбалерот на Црвена звезда, па реши преку Инстаграм да и одговори на легендата на Арсенал.
– Томаш Росицки, знаеш дека секогаш давав 100 проценти на теренот и со тоа може да се согласат навивачите. Откако заминав, клубот нема освоено ниту еден трофеј. Последниот беше кога бев таму. Бевте добар фудбалер, но многу лош менаџер – напиша Канга на својот инстаграм стори.ж
Росицки ја смени клупската политика во насока да не се носат Африканци (Канга беше последен) бидејќи тешко се аклиматизираат како зрели играчи. Тој гледа единствениот правилен начин да донесе фудбалери од Африка е пред да наполнат 17 години, за полесно да се прилагодат на животот на друг континент.