Еспањол губеше 0-3 дома против Атлетико Мадрид, беше на праг на катастрофа но успеа да дојде до 3-3 и сѐ уште се надева дека може да обезбеди опстанок во Ла Лига. Сега има три бода помалку од конкурентите за опстанок.


Саул Нигез, Антоан Гризман и Јаник Караско донесоа убедлива предност за Атлетико Мадрид, но Еспањол возврати во второто полувреме, преку Монтес, Хоселу од пенал и Винисиус Соуза.

Хетафе го победи Бетис во Севилја со 0-1, со голот на Омар Алдерете во 68.минута од натпреварот.